„Comfy Angel“ – компанија која речиси две децении ви овозможува удобен и убав сон

Компанијата „Comfy Angel“ постои од 2004-та година и е специјализирана за производство и продажба на перници, јоргани, навлаки за душеци, вреќи за спиење и многу други производи. Дополнително, изработуваме и специфични постелнини како и водоотпорни, анти бактериските и огноотпорните производи.

Производствениот процес вклучува анализа на пазарот, набавка на суровини, прогнозирање на финансиските барања и планирање на корпоративна диверзификација.

„Производствените капацитети со кои располага компанија, на лице место ни овозможуваат да понудиме широк асортиман на производи со различни квалитети и дизајни на ткаенина, со главна цел да се задоволат потребите на клиентите ширум светот. Во изминатиот период кој го оценуваме за нас како доста успешен, имавме многубројни активности, но како најглавни би ги издвоиле следните две: Завршување и целосна реализација на проектот со фотоволтаици и Преземање на прилепскиот ракометен клуб „Прилеп“ со што нашата компанија е главен спонзор“, велат од компанијата.


Статијата е прочитана 268 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско