Промоција на новите финансиски инструменти на ЕУ за микро, мали и средни претпријатија

Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и „Western Balkans 6 Chamber Investment Forum“ (WB6CIF) денеска организираат регионален хибриден настан на тема „Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU”.

Како што информира Стопанската комора, ќе бидат промовирани новите финансиски инструменти на Европската Унија за микро, мали и средни претпријатија што се достапни во регионот преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во партнерство со меѓународните финансиски институции.

Финансиските инструменти меѓу другото се наменети за области како зелени инвестиции и технологии, микрофинансирање, енергетска ефикасност и проекти за обновлива енергија, одржливо земјоделство, циркуларна економија, еко-туризам и претпријатија предводени од жените и младите.

Финансирањето ќе биде достапно во форма на заеми, капитал, инвестициски стимулации и техничка помош, се појаснува во соопштението.

На настанот предвидени се обраќања на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на министерот за финансии Фатмир Бесими и на евроамбасадорот Дејвид Гир.


Статијата е прочитана 202 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско