Бизнис каталог 2024

Почитувани,

Пред Вас е новото ексклузивно издание на Бизнис каталог на Република Северна Македонија за 2024 година, кое ја негува својата долга традиција од 28 години на промоција на најдоброто од нашата земја во областа на културата, археологијата, економијата, спортот, медицината, како и екологијата.

Воведот на Каталогот е посветен на темата „Екосвест, чиста животна средина и здрава храна - клучни сегменти за развој на општеството“, а на многу прашања од областа на циркуларната економија и заштитата на животната средина одговори даваат и голем број стопанственици од приватниот бизнис-сектор, присутни во Каталогот.

Темата „Екологија“ е носечка и во проектот „Марили Бизнис Форум“, кој е регионален и третпат се одржува оваа година. Во Каталогот се присутни и голем број бизнисинтервјуа на успешните жени менаџери, кои се дел од уште еден многу значаен проект со традиција од 28 години, манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ што, исто така, вклучува лауреатки и од регионот.

На страниците на Каталогот ексклузивно интервју имаат и гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска - Бежоска, претседателката на Собранието на МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и почесен конзул на Канада во Република Северна Македонија, Анета Антова - Пешева, како и потпретседателката на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Јелисавета Георгиева Јовевска.

Каталогот постојано ги следи современите форми на промоција и дистрибуција, присутен е во електронска форма на порталот мarili.com.mk, во ексклузивните хотели во земјава, во странските амбасади и конзулати, во регионот и меѓу нашите иселеници.

Бизнис каталогот ги одразува напорите на нашата млада економија да биде дел од евроинтеграциските процеси и да сподели визии за одржлив развој на некои од најактуелните светски прашања што се однесуваат на циркуларната економија, производството на здрава храна, како и дигитализацијата и автоматизацијата во областа на човечките ресурси.

Каталогот ја негува размената на информации меѓу деловните субјекти во земјава, регионот и пошироко меѓу нашата дијаспора, ги поттикнува можностите за инвестиции и градење европски лик на нашата економија.

 

Уредник
Лидија Трипуноска

 

 

ИНДУСТРИЈА
 
ЕКОЛОГИЈА
КУЛТУРА

 

 

МЕДИЦИНА И КОЗМЕТОЛГИЈА
 
OСИГУРУВАЊЕ

 

 

ПРОИЗВОДСТВО
 
 
 

 

 
 
 
 

 

УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ
 
 

 

 

Статијата е прочитана 822 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско