Трипуновски: Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на вчерашната средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево, потенцираше дека брендот „македонски ориз“ ќе се врати на, како што рече, својот препознатлив квалитет во регионот.
На средбата Трипуновски посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита.
„Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви, тоа е успех и гаранција за македонските оризопроизводители“, потенцираше министерот.
Тој со земјоделците разговараше за состојбата со оризопроизводителството, проблемите кои беа присутни изминативе години, но и за овогодишната реколта.
„Македонскиот ориз нема да остане неоткупен, домашното производство и маката на земјоделците ќе се вреднува. Заврши времето кога се увезуваше ориз од Индија и Пакистан. Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот“, истакна Трипуновски.
Статијата е прочитана 181 пати.