Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила

Dioptra Optics- водечкиот македонски дистрибутер на луксузни брендови за очила, продолжува да ги поставува трендовите со лансирање на најновата колекција на очила од Valentino, за време на ексклузивен настан кој обедини многу љубители на модата, влијателни личности и локални тренд-сетери.

Новата колекција на Valentino очилата составена од модели кои го отсликуваат италијанскиот дух на софистициран дизајн, реализиран преку врвна јапонска технологија од чист титаниум. Добиениот резултат се ексклузивни очила создадени само за оние чиј напреден вкус ја цени префинетоста и извонредноста.

„Преку нашите соработки со светски признати брендови, успеавме да ја збогатиме македонската модна сцена со ексклузивни колекции кои претходно беа достапни само во модните центри како Париз, Милано и Њујорк. Нашата мисија останува да го понудиме само најдоброто, поставувајќи висок стандард за квалитет и дизајн во оптиката и веруваме дека токму тоа го заслужуваат нашите клиенти.“, изјави сопственичката и генерална менаџерка на Dioptra Optics, Марија Костуранова.

Настанот се одржа на 30-ти октомври, во уникатната концепт-продавница Dioptra Couture во строгиот центар на Скопје, која е препознаена како една од најубавите и најреномирани оптики на светско ниво.

Очилата на Valentino се достапни во салоните на Dioptra Couture во хотел Мериот и East Gate Mall во Скопје. Колекцијата на Valentino се приклучува на реномираната палета од брендови како што се Balmain, Akoni и многу други, потврдувајќи уште еденаш дека Dioptra Couture останува на врвот на македонската и регионалната модна сцена за очила.

Извор: Crnobelo.com


Статијата е прочитана 148 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско