Бизнис вести

Усвоен анексот на договорот со ТАВ, се активираат 35 милиони евра за проекти во општините

четврток, 24 декември 2020

Владата на синоќешната седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ. Со Анексот, практично, се пренаменуваат 35 милиони евра за инфраструктури проекти за општините наместо да се гради карго аеродром во Штип, како што предвидуваше Договорот

Инаку, Договорот за концесија е склучен во 2008 година, а за промената на намената на дел од средствата е добиена согласност на 30 ноември годинава од ТАВ Македонија, како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг како референтен оператор. Средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско сега се пренаменуваат за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.

Содржината е прочитана 557 пати.