Македонија2025 и Џонсон Мети најавуваат Отворен повик за наставници по природни науки: обука, менторска поддршка и можност за учество на регионални саеми

Македонија2025 и Џонсон Мети најавуваат Отворен повик за наставници по природни науки: обука, менторска поддршка и можност за учество на регионални саеми
Македонија2025, во рамки на Џонсон Мети Програмата за поддршка на заедницата „Науката и Јас“, го објавува новиот повик за предметни наставници по природни науки (природни науки, биологија, хемија, физика) од основните училишта во земјата.
Повикот е отворен до 20 октомври 2025 година.
Кој може да аплицира?
Наставници приправници по природни науки од основните училишта
Предметни наставници од основните училишта кои реализираат настава по предметите: природни науки, биологија, хемија или физика со работно искуство во настава не подолго од 5 години..
Што нуди обуката?
Еднодневна работилница (во неколку групи) за околу 70 наставници, фокусирана на ефективни методи: учење базирано на истражување, практични експерименти и проектна работа.
Обуката ја реализираат обучувачи од Бирото за развој на образованието и други образовни институции.
Дидактички материјали за наставници (на македонски и албански јазик) и сертификат за професионален развој.
Можност дел од наставниците со своите ученици да развијат и презентираат експерименти на 2–3 регионални саеми по наука.
Поддршка од наставници-ментори по природни науки.
Опција за посета на Џонсон Мети – Скопје (за 4–5 наставници со група до 5 ученици).
Мерење на влијанието преку кратка пред- и по-анкета за самодоверба и мотивација на наставниците.
Повеќе информации за повикот, како да аплицирате и критериумите за избор: ТУКА
Слободно пишете ни за повеќе информации на ScienceAndMe@macedonia2025.com
Драги наставници, не ја пропуштајте оваа можност да ги подобрите Вашите вештини за настава по природни науки и да ја инспирирате следната генерација научници.
Пријавете се сега и станете дел од наставничка заедница што го менува начинот на кој младите ја доживуваат науката!
--------------------------
Влијание на проектот „Науката и Јас“ досега!
Проектот „Науката и Јас“ значајно ја унапредува наставата по природни науки во земјата. Во изминатите две учебни години:
Обучени се околу 100 наставници почетници, кои директно влијаеја на околу 9.800 ученици (5-9 одделение).
Организирани се седум регионални Саеми за наука, во учебната година 2023/2024 година (Велес, Делчево, Скопје, Струга) и учебната 2024/2025 година (Скопје, Прилеп, Скопје)
Над 200 ученици ги претставија/изведуваа своите проекти и научни откритија пред публика од над 2.000 врсници.
Доделени се 41 сет за наука (опрема и материјали) за попрактична и поинтересна настава.
Реализирани се 3 посети на научни установи (вклучително и фабриката Џонсон Мети и лаборатории на Природно-математичкиот факултет).
Овие активности ја поврзуваат теоријата со практиката, ја зголемуваат мотивацијата на наставниците, ја поттикнуваат љубопитноста кај учениците и градат основа за идни генерации млади научници.
Како дел од континуираната евалуација, проектот „Науката и Јас“ изработи двегодишни Компаративни препораки за јавни политики и сознанија за влијанието од напорите за развој на наставниците. Неколку од клучните насоки се: институционализирање на професионалниот развој преку интегрирање на програмата во националната рамка за континуиран професионален развој; воспоставување национална рамка за менторство за наставници на почетокот од кариерата; обезбедување наменски буџети за училишни комплети по природни науки; ширење на најдобрите практики преку регионални саеми и дигитални платформи и систематско следење на влијанието со национални анкети и годишни извештаи.
Овие препораки имаат цел да обезбедат одржливост и институционално препознавање на ефектите од програмата, а воедно и да ја зајакнат реформата во наставата по природни науки во основното образование.
Статијата е прочитана 52 пати.