Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“
Една година по најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, Кочани и понатаму живее со сенката на пожарот во дискотеката „Пулс“ кој засекогаш го подели времето на „пред“ и „потоа“. Повеќе од 60 изгубени животи и над 200 повредени оставија лузна што не избледува.
И денес, градот и семејствата на жртвите ја чувствуваат тишината што остана зад нив, но и тежината на невидливата борба за вистината и правдата. Таа вечер Македонија беше парализирана од неверување, а Кочани се претвори во симбол на болка, загуба и недозволив пропуст.
На 16 март 2025 година во трагедијата во дискотеката „Пулс“, загинаа 63 лица меѓу нив и деца, а над 200 беа повредени. Веднаш по несреќата беше одржана вонредна седница на Општина Кочани и беше прогласена седумдневна жалост на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните податоци говореа за 59 загинати и над 150 повредени, конечниот биланс во обвинителните акти по лекувањето на пациентите достигна 63 жртви и над 200 повредени.
Извор: МИА
Статијата е прочитана 25 пати.

























