Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар
Владата на вчерашната 195 седница одлучи да прогласи кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена, информираат оттаму.
„Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок“, пишува во соопштението од Влада.
Оттаму најавија дека денеска во 16 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на СОЗР Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева ќе ја посетат ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
Статијата е прочитана 27 пати.




























