Пад од 12,2 отсто на индустриското производство во февруари

Индустриското производство во февруари годинава забележа пад од 12,2 отсто во однос на февруари лани и 12,8 проценти во првите два месеца од 2021 во однос на истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци голем пад од дури 28,9 отсто во февруари 2021 во однос на февруари 2020 има во секторот „Рударство и вадење камен“, кај секторот „Преработувачка индустрија“ падот изнесува 11,2 отсто, а во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ е забележано опаѓање од 2,2 отсто.


Статијата е прочитана 550 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско