Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки

Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет мерки кои се во насока на поддршка на македонската економија во услови на тешка здравствено-економска криза.

Како што вели првиот човек на Комората, Бранко Азески станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата.

Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема и најзначајна бизнис-асоцијација и како многу одговорен чинител на економскиот развој, во името на компаниите кои генерираат 50,3 проценти од вкупниот приход во приватниот сектор, 47,6 отсто од добивката во приватниот сектор и вработуваат 33,7 отсто од вработените во приватниот сектор во оваа прилика уште еднаш сака да ги афирмира своите ставови изнесени на почетокот на пандемијата дека оваа битка не може да се добие ако компаниите не и помогнат на државата, но и државата да им помогне нив, како единствено можно решение кое може да даде позитивен импулс во натамошните економски текови.

„Во спротивно, сите досегашни напори, жртви и тешки предизвици кои досега ги надминавме, ќе паднат во вода“, вели Азески во апелот.

 

 


Статијата е прочитана 626 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско