ЕВН Хоум го распиша тендерот за набавка на струја за домаќинствата

ЕВН Хоум го објави тендерот за набавка на електрична енергија. Аукцијата ќе се одржи во четврток кога и ќе се знае каква цена ќе треба да плати ЕВН Хоум за струјата која ќе им ја понуди на домаќинствата во наредниот период.

Според методологијата за утврдување на цената на струјата за домаќинствата, цената која ќе биде постигната на овој тендер ќе има најголемо влијание врз крајната цена на струјата. На тендерот ЕСМ ќе треба да понуди 70 отсто од побарувањата на електрична енергија, а трошокот за набавка при купување струја од ЕСМ учествува со околу 43 отсто во крајната цена.

Покрај овој трошок, релативно високи проценти на трошоците ки учествуваат во крајната цена имаат трошокот за дистрибуција кој учествува со околу 35 отсто и маржата која учествува со околу 10 отсто, додека под пет отсто учествуваат трошоци за купување на електрична енергија од повластени производители, за дебаланс, потоа преносот на електрична енергија, трошокот за организирање и управување со пазарот на електрична енергија и како и давачки кои не зависат од резултатот на работењето (т.н. пренесени трошоци).

Од Регулаторната комисија за енергетика остануваат на ставот дека ќе ги преземе сите законски дозволени мерки за да нема зголемување на крајната цена. Владата најави дека нема да има зголемување на цената на струјата, така што ќе се намали ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто.

Лани Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на струјата за 7,4 проценти.

 

 


Статијата е прочитана 590 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско