Во вториот квартал нето приливи од 69 милиони евра, девизните резерви зголемени за 94,5 милиони евра

Народната банка соопшти дека во вториот квартал од годинава кај трансакциите со нерезиденти остварени се нето приливи од 69,1 милиони евра. Позначајни нето приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите.

Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра.

Во овој период, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување.

Пренесено од МИА


Статијата е прочитана 430 пати.

Сподели: