Владата, Стопанската комора и Регулаторната комисија ќе се ангажираат за ублажување на ценовниот шок

Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија за енергетика во рамки на своите надлежности најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите и Вадата, која мора да изнајде начин да им помогне на компаниите во рамките на можностите. Ова се главните заклучоци од вчерашната работна средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, премиерот Зоран Заев и првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Средбата, која се одржа под раководство на Азески имаше единствена точка на дневен ред - состојбата настаната со енормното покачување на цените на енергенсите на светските берзи.

Од Комората информираат дека по опсежната дискусија и размена на мислења јасно беше дека кризата е реалност и дека ќе потрае подолг период и ќе бара решенија кои ќе имаат и долгорочен и кракорочен карактер. За таа цел, мора да се изврши мобилизација на сите учесници во овој процес, затоа што тоа е од круцијален каратер за егзистирање и развој на македонската економија. На сите тие чинители паѓа голема одговорност да ја менаџираат ситуацијата на највисоко професионално ниво и во согласност со веќе изграденото мислење на светските авторитети од оваа област дека времето на ефтината енергија полека привршува и дека ќе мора сите да ја прифатиме новата реалност.

Во таа насока, се поздравува одлуката за интевентен увоз на јаглен за нашите електрани со кои ќе се подигне на максимално ниво нашето производство и се повикуваат компаниите да учествуваат на овој јавен повик, кој ќе овозможи нивна работа подолг период и поевтина електрична енергија и за нив и за домаќинствата.

Се разговараше и за други модалитети што ќе бидат предмет на расправа во петок на средбата на засегнатите компании и надлежните институции, како можноста државата преку ЕСМ да обезбеди поголемо количество струја со пониска цена, продолжување на процесот на инвестирање во обновливите извори на енергија итн.
Состојбата со гасот се очекува да биде стабилна до крајот на годината, а преговорите за наредната година ќе започнат кон крајот на овој месец.

 


Статијата е прочитана 474 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско