Бизнис вести

Ист Гејт Мол се отвора на 29 октомври

понеделник, 18 октомври 2021

На 29 октомври ќе биде отворен Ист Гејт Мол, новиот центар за мода и забава во Скопје. Новата шопинг дестинација ќе биде препознатлива по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава.

Во Ист Гејт Мол ќе ги има познатите брендови: Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete`s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други. Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 квадратни метри.

Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи Ист Гејт Мол се наоѓа на само пет минути од центарот на главниот град на Македонија и е веднаш до автопатот М4. Објектот е на пет нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во овој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.

Покрај добрата локација и уникатните брендови, Ист Гејт Мол е импресивен по својата модерна архитектура, а уникатното шопинг искуство е особено засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани каде што има можност да се истражат разни светски кујни, а модерно опремените кина ќе овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални

содржини.

Ист Гејт Мол е инвестиција на групата „Балфин“, најголемиот регионален инвестициски фонд.

Содржината е прочитана 347 пати.