Македонскиот зелен стартап „О-Круг“ награден на регионалниот натпревар за зелени идеи

Македонскиот стартап зелен бизнис „О-Круг“ за производство на ароматизери и есенцијални масла од отпадни кори од портокали беше најдобро рангиран во категоријата ембрионски идеи на 10-то издание на регионалниот натпревар за зелени бизниси „Balkan Green Ideas“.

Креаторите на идејата велат дека победата на регионалниот натпревар за зелени идеи за нив значи дека ќе ја обезбедат потребната опрема за започнување производство.

„Следните чекори на ‘О-Круг’ се фокусираат на засновање партнерства со луѓето и бизнисите, промоција на зеленото социјално претпримаштво и обезбедување работа за маргинилизираните млади. Се надеваме дека нашиот мирис од портокал наскоро ќе ги замени сите штетни освежувачи во домовите, канцелариите, хотелите, автомобилите“, изјави Марија Бургиева, дел од победничкиот тим.
На регионалниот натпревар Македонија се натпреваруваше и со идеја за производство на облека и модни додатоци за миленичиња од отпаден текстил – „Мини Ирина Тошева“, како и со идеја за отворање прва библиотека за играчки – Горјана Боневска-„Џагор“, кои беа победнички идеи на националниот натпревар кој традиционално го организира Здружението за социјални иновации „АРНО“.

 

Натпреварот „Balkan Green Ideas“ го поддржува основањето и развојот на успешни зелени идеи во регионот на Западен Балкан и Грција.


Статијата е прочитана 434 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско