„Кромберг & Шуберт Македонија Бт“ добитник на национална награда за најдобра пракса за безбедност при работа

Компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија Бт“ ДООЕЛ годинава ја доби националната награда за најдобра пракса во полето на Безбедност и здравје при работа, земајќи ги предвид сите услови за работа на вработените како и сите превентивни мерки за заштита од вирусот Ковид-19.

Изборот за националната награда за најдобра пракса во БЗР се одржа подоцна од предвидениот термин кој начелно е 28 април, со што се одбележува и Европската недела за БЗР поради ситуацијата со пандемијата, а на истиот имаа аплицирано вкупно 23 компании. Ова го покажува значително зголемен интерес во однос на ланскиот избор каде имаа аплицирано само 8 компании. Ова покажува дека свеста за безбедноста и здравјето на работното место се зголемува и сѐ повеќе компании се приклучуваат и ги согледуваат придобивките од безбедно работно место.

Членовите на конкурсната комисија од Министерството за труд и социјална политика го посетија производствениот погон на фабриката каде можеа да се запознаат со различните работни места и индустриски процеси кои се одвиваат во погонот. Исто така беше извршен увид во документацијата која е релевантна за целиот процес на БЗР за да се добие целата слика за имплементирањето и следењето на процедурите кои произлегуваат од самиот Закон за БЗР.

Најголем акцент беше ставен на имплементацијата и придржувањето кон превентивните мерки против корона вирусот, категорија во која КШМК-Бт убедливо се издвојува во однос на сите правила и процедури кои се произлезени од препораките на СЗОрганизација и Министерството за здравство, особено што во компанијата е воспоставен и специјален тим задолжен за следење на придржувањето кон мерките.

„Кромберг & Шуберт“ со своите 5.500 вработени ја освои наградата во категоријата големи компании со над 250 вработени и со тоа докажа дека и покрај големиот број вработени може да се почитуваат сите правила и процедури доколку има воспоставен стабилен систем.

Им честитаме за освоената награда и им посакуваме уште повеќе успеси во наредните активности.

 

 


Статијата е прочитана 534 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско