Битиќи на промоцијата на „Топ 100“ компании-членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија: „Успешните компании треба да се истакнат и пофалат“

Стопанската комора на Северозападна Македонија традиционално им оддаде признанија на 100 најуспешни компании-членки на оваа комора. На промоцијата на „Топ 100“ компании, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека успешните компании треба да се истакнат, пофалат и да се стимулираат да растат и понатаму и да се развиваат.

„Честопати забораваме да пофалиме и наградиме добро завршена работа, дополнително, не смееме да занемариме дека во последните две години се соочуваме со непредвидлива здравствена и економска криза која ги стави на тест нашата отпорност, истрајност и борбеност што на овие признанија денеска им дава дополнителна тежина. За растот на компаниите во Стопанската комора на Северозападна Македонија говорат бројките кои растат секоја година. Во 2018 годишниот промет на ‘Топ 100’ најуспешни компании беше 750 милиони евра, во 2019 година имале годишен обрт од 900 милиони и во кризна година во која најголем дел од економиите имаа пад, ‘Топ 100’ најуспешните имаат раст од 2,61%, а постигнале ниво од 920 милиони евра обрт. Бројки кои говорат дека нашите претприемачи знаат и умеат и во најтешки времиња да најдат можности дури и да растат. Исто така, многу добри позитини резултати се рефлектираат и во показателите за нето добивката која расте во континуитет. Ако во 2018 година реализираната нето добивка на најуспешните 100 компании беше 56,5 милиони евра , а во 2019 година 66 милиони евра, во Ковид-период на 2020 година вие постигнавте раст до 9,87% и достигнавте до нето добивка од 73 милиони евра“, истакна вицепремиерот.

Битиќи рече дека успехот на овие компании е важен бидејќи даваат позитивен пример и поттик за сите останати и создаваат култура на деловна мотивираност и промовираат здрава конкурентност. А, сето ова влијае на подобрување на продуктивноста, зголемување на бројот на вработените, како и на севкупниот економски раст.


Статијата е прочитана 387 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско