Петта година по ред доделени стипендии од компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија Бт“

Петта година со ред доделени стипендии од компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија Бт“

 

 

Компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија Бт“ ДООЕЛ петта година по ред додели стипендии на студентите запишани на техничките факултети при универзитетот „Св. Климент Охридски“. Целта е да ги стимулира, мотивира и да им даде основа на студентите за нивниот професионален развој да го остварат во рамките на градот Битола или на нашата држава.

„Кромберг & Шуберт Македонија Бт“ ДООЕЛ, како општествено одговорна компанија е инволвирана со свои донации и придонеси кон различни сфери од животот во Пелагонискиот регион, но како приоритет секогаш се насочува кон здравството и образованието.

Досега различни донации се остварени првенствено во болницата во Битола и во здравствениот систем, но компанијата има преземано многу активности во различни нивоа на образованието и тоа од донации низ повеќе основни училишта, до вклучувањето во дуалното образование во соработка со Техничкото училиште од Битола, практикантските работи и доделувањето стипендии на студентите од универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Покрај паричниот износ, практикантската работа е важен фактор со кој студентите се запознаваат со модерните начини на работа во една производна компанија, методите за работа кои се имплементирани во фабриката, Lean-концептот според кој се одвива целокупниот производен процес, како и уникатниот начин на менаџирање со фабриката која е воедно и најголемиот работодавач во државата.

Од „Кромберг & Шуберт“ потенцираат дека дел од стипендистите од изминатите години се одлучија својот професионален развој да го започнат токму во оваа компанија што докажува дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на компанијата, студентите и целата држава.

„Се надеваме дека сѐ повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе придонесат кон поголемо добро“, велат од  „Кромберг & Шуберт Македонија Бт“.

 

 

 


Статијата е прочитана 395 пати.

Сподели: