Научна работилница за извоз на малите и средни претпријатија од прехранбената индустрија во услови на глобална криза

Научната организација Export Academy by Matrona Consulting на 14 октомври организира еднодневна обука/работилница: „Извозот македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија во услови на глобална економска криза – опасности, предизвици и решенија“.

На работилницата ќе учествуваат врвни професионални експерти во областа на извозот и поддршка на извозот кои ќе дадат свои анализи, мислења, но и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од прехранбената индустрија. Своите искуства ќе ги споделат Љупчо Велески, извозен директор на Витаминка, Дарко Стефановски, претставник од Македонска Банка за Поддршка на Развојот, Кристијан Балески и Дарко Заев, претставници од МАМАС брендот, и уште неколку други говорници.

„Доколку и вие сте дел од мала или средна компанија од прехранбената индустрија со потенцијал за извоз на производите и би сакале да научите нешто повеќе за извозот, предизвиците со кои се среќаваат искусните извозни компании, потребните стандарди, начините на финансирање и осигурување на извозот, начини на вмрежување и истражување на странски пазари и вклучување во големите синџири на снабдување, ние го имаме одговорот за вас! На обуката ќе имате единствена можност да слушнете за новите трендови во FMCG индустријата во светло на глобалната економска криза, на кои ризици и опасности се изложени македонските компании од прехранбената индустрија во нивните интернационални активности, како да се адаптираат, што да менуваат и каде да ја бараат својата шанса во овие предизвикувачки времиња“, велат од организаторот повикувајќи на учество на работилницата.

 

Поради ограниченоста на ресурси на македонската мала и се уште неинтегрирана национална економија, во вакви екстремно тешки услови македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија се оставени практично сами на себе и на глобалниот пазар се во директен натпревар со компании од развиените земји кои имаат масовна институционална поддршка.

Се прашувате, како да се успее во вакви услови и на крајот да се излезе како победник?

Бизнисите се движат кон глобализација, но за да бидат конкурентни на другите пазари ќе треба да покажат ниво на адаптација засновано на локалните регулативи, искористување на локалната соработка и поддршка на локалните заедници и покажување општествена одговорност. Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени на претстојната обука.

 

Повеќе за обуката може да се види на следниот линк https://exportacademy.io/izvoz-na-msp-od-prehranbenata-industrija/ )

 

Export Academy by Matrona Consulting е професионална и научна организација во Северна Македонија која се занимава со извоз и интернационализација на македонските компании, користејќи ги во пракса потврдените професионални искуства на врвни експерти, научни истражувања, вмрежувања и соработка со авторитетни индустрии од странство.


Статијата е прочитана 208 пати.

Сподели: