„Макпетрол“ ги намали цените на природниот гас и на метанот

„Макпетрол“ ја намали цената на природниот гас и на метанот. Од компанијата информираат дека согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи „Макпетрол“ ја намали цената на природниот гас за месец ноември за 500 евра за 1.000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец октомври ова година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG) кој се продава на бензинските станици на ‘Макпетрол’ се намалува за 49,5 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 184 денари за килограм, што значи дека новата цена ќе биде 134,50 денари за килограм или 96 денари за литар“, се вели во соопштението од компанијата.

 

 


Статијата е прочитана 380 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско