Групацијата БАС, Детра центар и БАС ИМ прослави јубилеј „30 години создаваме менаџери“

Под мотото „30 години создаваме менаџери“ групацијата БАС, Детра центар и БАС институт за менаџмент минатата недела го прослави овој значаен јубилеј организирајќи ги 7. меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ и 5. панел-дискусија „Менаџерски муабети 5“. Активностите беа реализирани 3 до 5 ноември во БАС Битола. 

На панел дискусијата „Менаџерски муабети 5“ која се одржа во четвртокот на 3 ноември учествуваа Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, Христина Фуна, ко-сопственик и финансиски менаџер на Синпекс Битола, Благоја Стојчевски, ко-сопственик и менаџер на Тримод тим доо Битола и Наташа Несторовска, член на Управен одбор во Стопанска банка А.Д. Битола

На панел-дискусијата говорниците ги споделија новитетите во менаџментот, а се дискутираше и за и тековните предизвици со кои се соочуваат менаџерите. Настанот заврши со коктел-забава и неформално дружење меѓу присутните. 

Наредниот ден (04.11.2022) беше предвиден за 7. меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ каде меѓудругото се одржаа три пленарни предавања од: проф. д-р Цветко Смилевски, проф. д-р Ризван Сулејмани и проф. д-р Петер Одри.

Во склоп на конференцијата, еден дел беше предвиден за јубилејот на Групацијата „30 години создаваме менаџери“ каде беа доделени признанија и благодарници на дел од кадарот и партнерските организации.

„Цели 30 години сме посветени на создавање професионални менаџери преку формално и неформално образование. Нашата посветеност и љубов кон образованието е сѐ поголема секој ден. Горди сме што имаме лојални и посветени вработени кои ги споделуваат истите вредности и принципи. Благодарни сме што имаме и партнери кои ја препознаваат вредноста на она што го правиме и сакаат да соработуваат со нас. Сето ова е голем поттик за нас да продолжиме уште повеќе и уште подобро во она што најдобро знаеме да го правиме, а тоа е да создаваме професионални менаџери“, велат од Групацијата БАС, Детра центар и БАС ИМ

 

 

 


Статијата е прочитана 577 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско