Раст од два отсто на БДП во третиот квартал

Бруто-домашниот производ (БДП) бележи раст од два отсто во третото тримесечје од 2022 година, обави Државниот завод за статистика

Најголем пораст од 11,8 проценти е забележан во секторите – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби. Во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна растот е 9,1 %, а во Финансиски дејности и дејности на осигурување 5,8 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2022 година номинално расте за 18,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесва 71,.2 отсто.

Во истиот период извозот на стоки и услуги номинално се зголеми за 27,2 проценти, а увозот на стоки и услуги забележа пораст во номинален износ од 31,1 отсто.

 


Статијата е прочитана 149 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско