Потпишан договор за поевтин роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ

На Самитот Западен Балкан - Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ потпишаа договор со кој ќе се овозможува намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со тоа се отвора и патот за старт на процесот за целосно укинување на роаминг тарифите меѓу ЕУ и регионот.

Со овој договор од 2023 година Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

„Денешниот договор за пониски цени во роаминг потпишан меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ е уште една силна потврда дека ЕУ не е целосна без регионот, потврда за нашата европска иднина. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ, тие ќе ни се подостапни, што е практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот. Европскиот пат на регионот е трасиран, Северна Македонија се движи со забрзан чекор кон полноправно членство во ЕУ“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по поптишување на договорот.

 


Статијата е прочитана 154 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско