Бесими: „Се планира данок за фирмите со екстра добивка“

Министерството за финансии планира да воведе нов данок за екстра профит за оние компании кои годината ќе ја завршат со над 10 милиони евра добивка. Тоа би било 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек. Ова го изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими, во интервју за Радио Слободна Европа.

Даночењето, според најавите, би било еднократно и би важело само за 2023 година.

Бесими изјави дека веќе се дискутира на оваа тема со стопанските комори и дека очекува негативни реакции. Сепак, како што рече ресорниот министер, се надева дека на крајот бизнис заедницата ќе наиде на разбирање, затоа што оваа реформа веќе се применува во многу европски земји. 


Статијата е прочитана 215 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско