Бислимоски: „Ако се прифатат барањата на енергетските компании, струјата ќе поскапи за 3,5 до 4 отсто“

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари идната година. АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

„Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на вчерашната прес-конференција.

Тој нагласи дека уште од сега може да потврди дека трошокот за дистрибуција на електрична енергија ќе биде намален.


Статијата е прочитана 216 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско