Битиќи: Кризниот данок ќе биде 30 отсто од добивката на компаниите

 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција објасни дека кризниот данок кој ќе се водведе за тековната, 2022 година, ќе ги даночи големите компании со 30 % од добивката.

Еднократнитниот данок ќе важи за компании кои имале годишен приход над 10 милиони евра, и при тоа ќе го зголемат профитот за повеќе од 20 % во однос на претходните четири години.

Овој еднократен кризен данок ќе се применува за компании кои имале годишен приход од над 10 милиони евра и при тоа ќе го зголемат профитот за повеќе од 20 отсто во однос на претходните четири години.

„Ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра - разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година. Тоа се дополнителни 240.000 евра кои ќе бидат платени на име на данок на добивка“, рече Битиќи.

 

Според Битиќи, парите од данокот ќе бидат искористени за справување со кризата.

Мерката за воведување на данок за екстра профит, во понеделникот ја најави министерот за финансии, Фатмир Бесими.

 


Статијата е прочитана 199 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско