ММФ предупредува: „Третина од глобалната економија оваа 2023 година ќе биде во рецесија“

Третина од глобалната економија оваа 2023 година ќе биде во рецесија, предупреди директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

„Очекуваме една третина од светската економија да биде во рецесија. Дури и земјите кои не се во рецесија, тоа би го почувствувале“, вели Георгиева за „Си-би-ес“.

Нејзините предупредувања се во период кога сè уште трае војната во Украина, има раст на цените, како и повисоки каматни стапни, но и повторно ширење на ковид-вирусот во Кина.

Георгиева вели дека втората најголема економија во светот – Кина, ќе е соочи со тежок почеток на 2023 година. Предвидувањата се дека нејзиниот економски раст ќе бие на ниво или под нивото на глобалниот раст што ќе биде најнизок во последните 40 години, а причината е растот на бројот на заразени со ковид-19 по укинувањето на рестриктивните мерки кои беа на сила со оглед дека кинеските власти водеа нулта-ковид политика.

„Очекуваме една третина од светската економија да биде во рецесија. Дури и во земјите кои не се во рецесија, стотици милиони луѓе ќе го имаат тоа чувство. САД се најотпорните и би можеле да избегнат рецесија. Гледаме дека пазарот на трудот таму е сè уште доста силен. Европа нема да ја избегне рецесијата, а во САД е на самиот праг“,  изјави директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. 

Според Георгиева,  оваа година ќе биде потешка од претходната 2022, бидејќи најмоќните економии како САД, ЕУ и Кина ќе имаат забавување на економските активности.


Статијата е прочитана 144 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско