Канадски „Магна мехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра и ќе вработи 600 лица во ТИРЗ Штип

Најмалку 600 работни места ќе бидат отворени во фабриката што во Технолошко индустриската развојна зона во Штип ќе ја гради канадската компанија „Магна мехатроникс“. Инвестицијата вредна 40 милиони евра  се однесува на произведство на компоненти за автомобилската индустрија. Годинава е предвидено да стартува тест-производството, додека со сериско производство ќе се отпочне веќе во првата половина од наредната година.

„Канадската компанија ‘Магна интернационал’ која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи модули и компоненти што се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот оствари стабилен раст на европскиот пазар и се појави потреба од нова фабрика на една од деветте групации. По спроведеното истражување на потенцијални локации за отворање нова фабрика во Европа, кое опфати повеќе држави, компанијата одлучи да инвестира и да отвори фабрика во нашата земја на понудената локација во Технолошко развојната зона во Штип. По отворањето на фабриката во ТИРЗ Струга за производство и склопување ретровизори и други технолошки продукти за автомобилската индустрија, каде според бизнис планот на компанијата ќе се вработат 1.000 луѓе, во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика“ рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски истакна дека инвестицијата во фабриката на „Магна мехатрионикс“ ќе изнесува 40 милиони евра и се превидени најмалку нови 600 работни места.

Според Деспотовски, извозот од ТИРЗ лани достигнал 3,7 милијарди евра и е за 25 проценти повисок од претходно највисоката сума. Минатата 2022 година е завршена со нето ефект од 350-400 милиони евра позитивна разлика помеѓу извозот и увозот, пари што, како што истакна, се останати во домашната економија.

Премиерот Ковачевски рече дека 2022 година компаниите во ТИРЗ ја завршиле со 2.300 нови работни места, над 430 милиони евра нови инвестиции и рекорден извоз.


Статијата е прочитана 203 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско