Претставници од Народната банка вклучени во билатералниот скрининг во областа „слободно движење на капитал“

Претставници од Народната банка во рамки на билатералниот скрининг за вториот кластер „Внатрешен пазар“ имале свои излагања во однос на слободното движење на капитал и платните системи.

Во подрачјето „Слободно движење на капиталот и плаќања“ била образложена примената на законската регулатива за одделните капитални трансакции коишто се во надлежност на Народната банка, како што се кредитните и депозитните работи, плаќањата и трансферите врз основа на тековни и капитални трансакции, како и за посебните заштитни мерки уредени во Законот за девизното работење. Акцент бил ставен и на идните активности во однос на приспособувањето на регулативата од областа на девизното работење со новиот Закон за платежни услуги и платни системи.

Во подрачјето „Платни системи“ бил презентиран напредокот во доменот на подзаконските акти коишто произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи, а коишто Советот на Народната банка ги усвои кон крајот на 2022 година и почетокот на 2023 година.

– Во овој контекст беше нагласено дека правната рамка на Република Северна Македонија којашто ги регулира платежните услуги и платните системи во значителен дел е усогласена со правото на Европската Унија од оваа област, информираат денеска од Народната банка.

Во подрачјето „Спречување перење пари и финансирање тероризам“ биле презентирани активностите и мерките што тековно ги спроведува Народната банка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам кај субјектите над коишто врши надзор, како и усогласеноста со европското законодавство и идните активности коишто треба да се преземат во текот на 2023 и 2024 година.


Статијата е прочитана 1533 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско