Бесими: „Подготвени сме за издавање еврообврзница“

Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда. Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 март повторно да учествуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 Анализа.

Според Бесими, повторената аукција не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години.

„Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја пазарот“, нагласи министерот Бесими.

Бесими потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата.


Статијата е прочитана 215 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско