ОПМ: Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја, тие средства да се вложат во „зелена енергија“

Владата да им ги земе субвенциите за електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија и тие средства да ги вложи за „зелена енергија“, граѓаните да имаат помали сметки за струја, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Како што рече претседателката на ОПМ, Маријана Лончар, парите најпрво треба да се вратат во државниот Буџет, од каде што се земени.

До ОПМ, истакна Лончар, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на кампањата за групно купување инвертери, се уште нема конкретни поплаки од потрошувачи за високите цени на храната. Се уште доминираат жалбите во однос на грамажата, пакувањата, една цена на рафт друга на каса,…

Владата навистина треба да размисли за да се заштитат граѓаните, треба да направи нешто посериозно. Јас лично се изненадив кога рекоа дека ќе престанат да им даваат субвенции на компаниите. Не треба да престанат, треба да побараат да им ги вратат парите за субвенционираната струја и ние тоа го бараме. Да побараат, тие пари што ги дале, да им се вратат назад, како што даваа субвенции за фирмите па не завршија кај работниците. Со тие средства може да субвенционираат да имаме „зелена енергија“, нека субвенционираат за луѓето да имаат помали сметки за струја. Ако сте се прашале колку субвенции даваат за тоа, ништо – „прв дојден, прв услужен“, значи нема енергетска ефикасност тука, а треба да се гледа и квалитетот на производот, рече Лончар.

Земјите кои сакаат да бидат членки на ЕУ треба да докажат дека се борат за „зелената енергија“, за помалку јаглерод диоксид и пониски емисии на гасови.

Сметам дека средствата што им беа дадени на компаниите за субвенционирана струја треба на друг начин да им се вратат на граѓаните, зашто од наши пари ние, со ДДВ-то купуваме производи. Ние, потрошувачите, ги финансираме сите активности во рамки на Буџетот и треба да сме погласни, подвлече Лончар.

Според неа, компаниите секогаш ќе наоѓаат причина за цените на производите зашто не сакаат да се лишат од дел од профитот што го остваруваат преку продажбата секојпат ќе велат дека им е малку.


Статијата е прочитана 181 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско