Азески – Рафуна: Зголемување на конкурентноста на компаниите од регионот на пазарот на ЕУ важен приоритет на КИФ

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска имаше работна средба со делегација од Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан (КИФ), предводена од новиот претседател Лулзим Рафуна.

Како што информираат од Комората, на средбата стана збор за планираните активности на КИФ за оваа година, кои ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста на компаниите во регионот за водење на бизнис на единствениот пазар на ЕУ и на трети пазари, подобрување на законската рамка за водење на бизниси, намалување на даночните и на неданочните обврски на компаниите, полесен пристап до програмите и фондовите на ЕУ, хармонизација на образованиот систем со реалните потреби на пазарот на труд, како и кон дигиталната трансформација.

Зборувајќи за предложените активности кои треба да ја зголемат атрактивноста на регионот како инвестициска дестинација, претседателот Азески истакна дека од клучно значење ќе биде и следниот состанок на Бизнис платформата „ЕУ-Западен Балкан“, што ќе се одржи на 30 март во Скопје. Ваквиот дијалог ќе придонесе за расчистување на административните, регулативните и техничките прашања релевантни за компаниите од регионот на Западен Балкан, но и ќе помогне приватниот сектор од регионот подобро да го разбере функционирањето на единствениот пазар на ЕУ кон кој компаниите ќе треба да го приспособат своето работење, известуваат од Стопанската комора.


Статијата е прочитана 200 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско