ЕСМ: РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа

После еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј, соопштија од АД ЕСМ. Поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола, овозможија исклучување на РЕК Осломеј со цел да се интервенира на неколку позиции во термоцентралата.

 

Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата.

Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство, велат од ЕСМ.


Статијата е прочитана 201 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско