Маричиќ:„ Енергетиката ќе биде поддржана со ИПА средствата и во рамки на новото програмирање за 2024 година“

Секторот енергетика ќе биде поддржан со ИПА средствата и во рамки на новото програмирање за 2024 година, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пренесува МИА.

На настанот во Владата по повод ЕУ-поддршката за земјава вредна 80 милиони евра, Маричиќ информираше дека на последниот повик од Инвестициската рамка за Западен Балкан Северна Македонија поднела апликација за зголемување на енергетската ефикасност на јавните згради (здравствени објекти во повеќето градови низ државата), како и апликација за зајакнување на мрежата за дистрибуција на струја во југоисточниот дел од државата.

„Во време на предизвици, ЕУ не ги заборави македонските граѓани и повторно е со нас во криза. Уште еднаш докажа дека е многу повеќе од финансиска поддршка за забрзување на општествената трансформација и за подготовка на нашето членство во европското семејство. ЕУ е и наш најголем партнер кој прв застана со нас во тешки времиња“, рече  вицепремиерот.

Според Маричиќ, рекордната европска помош што ја добиваме е инвестиција не само во иднината на нашата земја, туку и во иднината на ЕУ.


Статијата е прочитана 180 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско