Одбележување на Глобалната недела на парите

По повод Глобалната недела на парите 2023 година, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со пензиските друштва и Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје, денеска организира настан на кој ќе бидат презентирани можностите и предностите кои ги нуди пензискиот систем во нашата држава и пензиските системи во другите земји, пренесува МИА.

Како што посочуваат од МАПАС, присутните на настанот ќе можат да слушнете за можностите за дополнителното пензиско штедење, придобивките од долгорочното инвестирање и влијанието на економските шокови врз инвестираните средства на краток и долг рок.

Дојдете заеднички да го одбележиме почетокот на Глобалната недела на парите 2023 години и да ја зголемиме свесноста за потребата од долгорочно планирање на вашите пари и засадување на вашата иднина уште од денес, зошто времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш, посочуваат од МАПАС.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатар 1 на Економскиот факултет во Скопје со почеток во 11 часот.


Статијата е прочитана 183 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско