Регионална конференција „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“

Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи регионална конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“, како дел од активностите на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, што се спроведува во партнерство со УСАИД.

 

Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската размена помеѓу земјите од Западен Балкан и да се поттикне соработка за создавање заеднички регионален пазар.

На настанот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и амбасадорката на САД во земјава Анџела Прајс Агелер.


Статијата е прочитана 308 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско