Одржан првиот БЕАМ Фестивал, агенција „Марили“ меѓу номинираните, честитки до победниците

„Испишавме историја! Создадовме фестивал значаен за целата ивент индустрија, фестивал кој ќе ги валоризира и наградува најдобрите.Вчеравечер на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот БЕАМ Фестивал на најдобри настани. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила оценуваше 65 пријави во 14 категории“, напишаа на Фејсбук од организацијата на БЕАМ Фестивал кој се одржа на 28 март.

Агенција „Марили“ беше номинирана во категоријата „Најдобар корпоративен настан“.

Победниците по категории:

Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал - Пасворд Продукција

Најдобар фестивал / манифестација – Таксират Фестивал - Пасворд Продукција

Најдобар самит, конгрес или конференција – Пин Конференција – Пасворд Продукција

Најдобар експо (саем) – Скопје виски фест – Боттега Евенти

Најдобар корпоративен настан – Сто години Пивара – Меккен Скопје

Најдобар настан за бренд активација - Schweppes Mixology – Меккен Скопје

Најдобар настан за промоција на нов производ – Омега денови – Божиновски часовници и накит

Најдобар НВО настан – Играме заедно – Аутизам ААМК

 

Најдобар настан на државна / јавна институција – Илинденски денови – Центар за култура Битола

Најдобар спортски настан – Виз Ер Скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје

Најдобра рентал компанија – К енд Д Аудио

Најдобра компанија за видео поддршка на настани – Мунлајт

Најдобра аутсорсинг компанија – О3 Инвест

Најдобро место за одржување на настани - Филхармонија на РСМ

Атмосферата беше збогатена со балетска точка од балетското студио на Рисима Рисмкин.

 

 

Скопје Танцов театар и Рисима Рисимкин изведоа магичната балетска точка, а водител на фастивалот беше новинарот Огнен Јанески.


Статијата е прочитана 203 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско