Битиќи: „Септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката“

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера вечер соопшти дека договорот за Чебрен е во завршна фаза. Грчката компанија, според Битиќи, побарала уште малку време за финиширање на деталите.

„Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и отприлика инвестицијата е една милијарда евра. Ќе има избори во Грција, знаеме дека таа компанија е со државен капитал и побараа тоа да не се совпадне со тамошните избори“, рече Битиќи.

Вицепремиерот најави уште две стратешки инвестиции во енергетиката кои, нагласи, ќе бидат во обновливи извори и наскоро можат да се најдат во Собранието.

„Таму сме при крај со преговорите и големината е околу 1,3 милијарди евра. Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката“, рече Битиќи.

Според него, при крај се и разговорите за влез на Француската развојна агенција со нови 50 милиони евра.


Статијата е прочитана 225 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско