Вкупно 20 фирми чувале залихи на овошје и зеленчук, следуваат казни од 800 до 10.000 евра

Вкупно 20 фирми се проверени во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Управата за финансиска полиција (УФП). Скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10.000 евра.

Како што објави Сител, двајца продавачи на Кванташки пазар во Скопје се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре.

Надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и најавуваат дека проверката ќе продолжи и утре.

„Фирмите во петокот не извршиле достава по одлуката за 70 осто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Сите надлежни институции ги земавме потребните документи и потребно е да се сработат. Истраги ќе има. Документите целосно ќе се прегледуваат и од другите институции, ова што ние сме биле вчера и што сме санкционирале не е запирање. И од понеделник ние како Државен пазарен инспекторат ќе бидеме на терен и кој нема да врши достава согласно одлуката  ќе го казнуваме“, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Од вчера над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи.

Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, особено на Кванташкиот пазар. Исто така се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови.

 


Статијата е прочитана 266 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско