Државен завод за статистика: „Зголемен бројот на туристи“

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2023 година изнесува 40 973, од кои 40.2 % се домашни туристи, а 59.8 % се странски туристи.

 

Бројот на ноќевањата во февруари 2023 година изнесува 82 942, од кои 42.7 % се од домашните туристи, а 57.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.5 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.2 %, а кај странските има зголемување за 31.2 %.

Во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.5 %, а кај странските има зголемување за 15.8 %. 


Статијата е прочитана 196 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско