Прв отворен ден на Кромберг & Шуберт во Илинден!
Поради големата заинтересираност и бројните пораки кои беа испратени на Facebook страната на компанијата, Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ – подружница Илинден го организира првиот отворен ден за сите заинтересирани во четврток, 25.05.2023 со почеток во 17:00 часот!
Сите кои сакаат да се запознаат со процесот на производство на кабелски снопови, организацијата во компанијата и природата на работата ги покануваме да ја посетат фабриката на Кромберг & Шуберт во Илинден.
При самата посета ќе биде организирана прошетка во погонот од страна на претставници на компанијата, презентација со најважните детали околу компанијата и исто така ќе има можност за сите заинтересирани да аплицираат за работа.
Превозот до и од фабриката ќе биде организиран од градовите Скопје, Велес, Свети Николе и Куманово:
- Велес
Централна автобуска станица – 16:00 часот
- Свети Николе
Астра Горобински Пат – 16:00 часот
- Куманово
Агенција Јоцо Турс – 15:50 часот
- Скопје:
Факултет за Туризам и Менаџмент – 16:30 часот
Ист Гејт Мол на паркингот – 16:40 часот
Последна „50-ка“ Маџари – 16:50 часот
Фабриката во Илинден постои помалку од една година но за овој период веќе се регрутирани 900 вработени кои изработуваат кабелски снопови за возилата BMW X1 и Mini Cooper Countryman.
Иако доста млада во своето постоење во Илинден, земено заедно со фабриката во Битола, оваа компанија обезбедува работа и грижа за повеќе од 6000 вработени, а вклучително со фабриката во Крушевац за 8000 вработени од регионот на кои секојдневно се труди да им ги подобри условите за работа и да им обезбеди стабилна работа и најразлични можности за развој и напредок.
Статијата е прочитана 350 пати.