PEUGEOT ја проширува својата понуда со две нови нивоа на опременост - BUSINESS и GT EXCLUSIVE

За да одговори уште попрецизно на потребите на своите клиенти, PEUGEOT воведува две нови нивоа на опременост во својата гама: „Business“овозможува  удобност и задоволство при возењето што клиентите ја очекуваат, особено професионалците, додека „GT Exclusive“ го испорачува најдоброто од дизајнот, префинетоста и технологијата на PEUGEOT. Дополнителните нивоа на опременост се приклучуваат на добро познатите нивоа: Style, Allure и GT.

НОВОТО PEUGEOT BUSINESS НИВО НА ОПРЕМЕНОСТ: ИСКЛУЧИТЕЛНА УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ

Новите PEUGEOT 208, 2008 и 308 Business се базираат на опремата Style и стандардно доаѓаат со дополнителни карактеристики, вклучувајќи камера за возење наназад, електрично склопливи ретровизори и инфозабавен систем PEUGEOT i-Connect® Advanced. Овој систем овозможува безжично пресликување (Apple CarPlay/Android Auto), навигација TomTom со високи перформанси и контрола за препознавање на гласот „OK PEUGEOT“, овозможувајќи им на корисниците да ги контролираат функциите за инфозабавниот систем без раце.

Новите PEUGEOT 408, 3008 и 5008 Business, базирани на опремата Allure, се дополнително опремени со системот PEUGEOT i-Connect® Advanced, i-toggles на допир кои им овозможуваат на корисниците да креираат кратенки за поставките за контрола на клима уредот, телефонските контакти, радиостаниците и друго, како и безжичен полнач за паметни телефони. Моделите 3008 и 5008 се опремени и со панорамски i-Cockpit® со голем 21-инчен HD дисплеј.

Новото Business ниво на опременост е достапно е за сите погонски единици кај моделите 208, 2008, 308, 408, 3008 и 5008. Покрај горенаведените карактеристики, за уште поголема едноставност на користење, plug-in hybrid верзиите на 308, 408, 3008 и 5008 се опремени со вграден полнач од 7,4 kW.

НОВОТО PEUGEOT GT EXCLUSIVE НИВО НА ОПРЕМЕНОСТ: НАЈДОБРОТО ОД PEUGEOT ЗА ВРВНО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ

Достапно кај целата гама на PEUGEOT и сите погонски единици, новото GT Exclusive ниво на опременост се одликува со својот особено префинет стил и исклучително сеопфатна опрема, обезбедувајќи максимална удобност за сите патници. Позиционирано на врвот помеѓу гамата на PEUGEOT, на сегашното GT ниво на орепеменост се додаваат карактеристики како што се навлака за седишта и украси од Alcantara®, електрично прилагодливи предни седишта со функција за греење (со функција за масажа кај 308, 408, 3008 и 5008), безжичен полнач за паметни телефони и најнапредниот поврзан инфозабавен систем на PEUGEOT. Сите 100% електрични GT EXCLUSIVE модели имаат придобивка од топлинска пумпа, што ја подобрува удобноста и ефикасноста.

 *Со исклучок на PEUGEOT 508 и Rifter.


Статијата е прочитана 63 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско