„Марили“ по 27-ми пат ги избра најуспешните жени менаџери од земјава и регионот

Агенција „Марили“ традиционално ја организира  манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2023“ што ќе се одржи на 27 мај во хотел „Панорамика Дизајн Хотел“, Скопје во 20 часот.  На манифестацијата ќе бидат прогласени за најуспешни 10 менаџерки од нашата држава и од регионот на кои ќе им бидат врачени статуетки „Жена водилка“.

 

Лауреатки се:

1. Драгица Устапетрова Атанасова – генерален менаџер „Импера Плус Инженеринг“ Скопје

2. Наташа Денковска Бојковски - генерален менаџер на „Бучен Козјак“ – Куманово

3. Јасминка Вангелова - генерален менаџер на „Интерфуд вендинг кафемати“- Скопје

4. Ангела Јолакоска – финансов менаџер „АСП-ПАК“ – Охрид

5. Маја Станковска Костова - генерален менаџер на Кроациа Осигурување Живот – Скопје

6. Марија Костуранова - генерален менаџер на „Диоптра оптикс“, Скопје

7. Маја Кузмановска - генерален директор на „Бизнис Академија Смилевски“ - БАС

8. Весна Чемерска Попова – генерален менаџер „Фуџи Дент“, Кавадарци

9. Аракси Микаелијан - генерален менаџер „Инфо Тим Логистика“ , Војводина, Р. Србија

10. Санија Мурати – директор на НВО „Лејди“, Р. Косово и директор на Balkan Women Association

Изборот на најуспешните е направен според веќе воспоставените критериуми. Избрани се менаџерки од успешни компании од приватниот сектор од различни области и дејности од целата држава и до регионот, почитувани се препораките од деловните колеги и соработници, како и личната согласност на секоја менаџерка да биде дел од овој избор.  

Годинава манифестацијата ќе ја отвори директорката на Управата за јавни приходи, г-ѓа Сања Лукаревска.

Манифестацијата се одржува по 27.пат и претставува најстар проект на Блаканот за поддршка, промоција, поттик и охрабрување на жената во бизнисот и нејзините успеси како менаџер, лидер и претприемач. Оваа година, манифестацијата ќе биде заокружена со хуманитарна донација од членките на Марили Бизнис Клуб кој го сочинуваат најуспешните менаџери прогласувани години наназад.  Донацијата се состои од апарат за безболни крвни анализи „Афијас 6“ заедно до 500 тестови за aпаратот, кои ќе бидат донирани во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата во „Козле“. 

Исто така, агенција „Марили“, истиот ден на исто место, со почеток од 10 часот организира и регионален Марили Бизнис Форум, насловен како: „Економски  перспективи за предвидлив развој“ и има за цел да понуди сознанија и искуства за надминување на актуелните бизнис предизвици.  Низ три панел сесии ќе може да се слушнат дискусии и дебати на темите низ кои се остваруваат целите на форумот. Форумот е посветен на енергетските предизвици, земјоделството и прехранбената индустрија, како и личната трансформација како клуч за развој на менаџерите на иднината.


Статијата е прочитана 602 пати.

Сподели: