Одржан вториот регионален „Марили Бизнис Форум“ насловен како „Економски перспективи за предвидлив развој“

 

Агенција „Марили“ на 27 мај во „Панорамика Дизајн Хотел“ од 10 до 16 часот го одржа Марили Бизнис Форум насловен како: Економски перспективи за предвидлив развој.

Директорката на агенцијата Лидија Трипуноска истакна дека оваа година темите се избрани согласно најактуелните и најгорливите теми од економијата, односно теми од енергетиката, земјоделското производтво и прехранбената индустрија, како и личниот менаџмент.

Теми на коишто говореа квалификувани и стручни лица, секој од својата фела, како од државните институции, така и претставници од реалниот сектор, но и гости од регионот ко дадоа видувања на краток, но и на подолг рок.

На Марили Бизнис Форумот се обрати претседателот на ССКМ, Трајан Ангелоски кој истакна дека е благодарен што се обраќа на еден ваков регионален форум кој е специфичен по многу основи, а можеби најважната е тоа што е организиран од жени и посветен за жени.

„Не правам поделба на луѓето по ниту еден основ, особено по половата структура, но имам потреба да споделам дека се чувствувам привилегиран што сум опкружен со силни и храбри жени.

27 години постоење на бизнис предводен од жена е само потврда за вашата посветеност, пожртвуваност, истрајност, откажување од многу работи...храброст. 27 години постење е потврда за упорност и сила која е повеќе од потребна во овие локални и глобални кризи.

Интересен е фактот што жените без разлика од кој дел на светот доаѓаат, на која култура припаѓаат и кој јазик го зборуваат, имаат способност да се обединат водени од високото чувство на емпатија и грижа.

Сите ние, барем еднаш во животот сме се нашле во дилема и на раскрсница каква одлука да донесеме: дали да заминеме од земјава, дали да започнеме сопствен бизнис или како да ја избереме вистинската инвестиција. При тоа, свесни во какво кризно време живееме, исклучително нестабилно и непредвидливо. За поздрав се сите оние кои одлучија тука да останат и да дадат придонес во растот и развојот на нашата земја.

Истражувањата кои се спроведуваат од страна на Светската банка покажуваат дека компаниите кои се предводени од страна на жени се движи од 33% во Европа, 50% Јужна Америка и 47% Источна Азија и Океанија.

За жал, мора да констатираме дека во нашата земја статистиката се уште забележува минимален раст на жени пратенички, се уште не се доволно застапени на министерски позиции во извршната власт, донесувачи на одлуки на локално ниво и на одлучувачки позиции во реалниот сектор.

Но, од друга страна, поголем е процентот на жени кои завршуваат високо образование (додипломски и постипломски студии) споредено со мажите. А тоа значи дека во целата демографска слика имаат поголема застапеност и поголеми мижности за напредок.

Имаме домашна задача како општество да го подобриме дисбалансот во економската моќ кој е клучна препрека за постигнување на еднаквост т.е. еднакви можности за сите што претставува главна девиза по која треба да се водиме. Културата, жената и младите треба да бидат примарна обврска на секое општество кое гледа кон иднината. За таа цел потребен е заеднички напор за обединување на повеќе фактори: државата како клучна поддршка, политиките, компаниите, медиумите и самите жени кои треба да преземат одговорност за својата кариера“, изјави Ангелоски во своето обраќање.

Презентација за актуелните менетарни текови даде Директорката на секторот за монетарна политика, истражување и статистика во НБРСМ, д-р Султанија Бојчева Терзијан.

Модератор на Форумот беше проф. д-р Маја Кузмановска, директор на БАС.

Првиот панел насловен како : Енергетски предизвици– нови можности во економијата, го модерираше проф. д-р Маја Кузмановска, а панелисти беа д-р Александра Наќева Ружин - специјален советник на министер за финансии, Драгица Устапетрова  Атанасова – генерален менаџер на „Импера Плус Инженеринг“ , Трајан Ангелоски - претседател на ССКМ и Спасе Спасески, косопственик на „АСП –ПАК“ од Охрид.

Вториот панел со наслов : Политики, практики и модели за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија, го модерираше Викторија Шотароска Трајкова , извршен директор  во П.И.К. Ко ДООЕЛ Скопје.  Панелити на оваа сесија беа Аракси Микаелијан  - генералне менаџер на „Инфо Тим Логистика“, Р. Србија, Загорка Блажевска – извршен  менаџер на „Вита Нова“,  Јован Дабевски – консултант за прехранбена  индустрија , и Анатол Кутревски – Втор извршен директор на „Пекабеско АД“ Скопје.

Третиот панел со наслов : Лична трансформација – клуч за успех на менаџерите во иднина, го модерираше д-р Даниела Карадаков , менаџер за обука и развој во „Нептун“. На темата дебатираа Каролина Стојчевска, национален менаџер за набавка во Кромберг & Шуберт Македонија, Санија Мурати, НВО „Лејди“ Р. Косово и директор на BWA  и  Тања Евросимовска, генерален менаџер на „Матрона Конс“/Би-МЕК ДОО.

 


Статијата е прочитана 836 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско