Промоција на стихозбирката „Се најдовме еден со друг“ од Едита Даутовиќ во Никшиќ

По промоциите во Белград, Нови Сад, Пријепоље и Подгорица, новата книга на Едита Даутовиќ „Се најдовме еден со друг“  беше промовирана и во Никшиќ, пред тамошната публика во Народната библиотека „Његош“.

Станува збор на нејзино четврто остварување од лирскиот опус. Нејзината прва стихозбирка „Сетила“ (Чула) беше објавена во 2002 година. Осум години подоцна ја објавува втората стихозбирка „Солзите на Офелија“ (Офејилине сузе), а во 2019 година година од печат излегува и нејзиното трето лирско дело „Сага за Пава и Ахмет“ (Сага о Пави и Ахмету).

Со сите досегашни остварувања, Даутовиќ го потврди она што беше прв впечаток на стручната и лаичка јавност, дека станува збор за талентиран песнописец чијашто поезија  ги изразува најдлабоките проживеани чувства и емоции, изјави на промоцијата на стихозбирката во Никѓиќ, Весна Кљаиќ, книжевник.

Стихозбирката „Се најдовме еден со друг“ е генерално составена со мотиви карактеритични за лирската поезија, првично љубовта, којашто извира од секој стих, независно дали станува збор за љубовта кон родината, кон семејството или пак кон саканата личност, вели книжевникот и рецензент на книгата, Вељко Вељовиќ.

Стихозбирката е финансиски поддржана од Фондот за заштита и остварување на правата на малцинствата во Црна Гора.

Извор: Телевизија Никшиќ ( Црна Гора)


Статијата е прочитана 730 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско