Црногорската книжевничка и претприемачка Едита И. Даутовиќ го промовиреше своето творештво пред македонската публика

Вчеравечер во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа авторска вечер и промоција на творештвото на м-р Едита И. Даутовиќ, книжевничка, претприемачка  и претседателка на Здружението на претприемнички на Црна Гора.

Вечерта беше посветена на книжевното творештво на авторката, чиј животен и професионален пат сведочи за спојот на уметноста, претприемничкиот дух и почитта кон културното наследство.

Даутовиќ пред публиката читаше дел од нејзиниот поетски твоеречки опус, а сето тоа беше проследено со видео записи каде беа претставени повеќе нејзини дела, а испрати и неколку пораки за универзалноста на човечките вредности, љубовта, мајчинството, пријателството кои не поврзуваат сите.

Преку видео материјалите, публиката ги запозна нејзините дела, меѓу кои  „Чула“, „Солзите на Офелија“, „Сага за Пава и Ахмет“,  „Се пронајдовме еден со друг“ и „Соништа“. Сите дела претставуваат различни творечки етапи од нејзиниот пат, обележан со потрагата по зборот што го поврзува личното искуство со универзалните човечки теми.

Книжевниот опус на Едита И. Даутовиќ опфаќа поезија, поема и проза, преку кои таа ги истражува човечката природа, емотивните светови, љубовта, традицијата и трајните вредности на семејното и културното наследство.

На претставувањето на творештвото на Едита И. Даутовиќ се обрати и амбасадорот на Црна Гора во Македонија, г-дин Зоран Миљаниќ, кој истакна дека му е посебно драго што неговата сонародничка преку нејзините поетски и прозни дела, излегува надвор од границите на Црна Гора и ја промовира црногорската култура и книжевност.

Животниот и професионалниот пат на Едита И. Даутовиќ го одбележуваат книжевното творештво и долгогодишното претприемничко искуство, особено ако се има предвид дека оваа година се навршуваат дваесет години од основањето на Агенцијата „Millennium“ во Подгорица, која таа ја основала во 2006 година.

Даутовиќ рече дела во нејзината биографија, книжевноста и претприемништвото не се два одвоени света, туку различни изрази на истата потреба за создавање, развој и оставање трага. Додека во деловното опкружување ги претвора идеите во одржливи потфати, во книжевноста преку зборовите ги обликува искуствата, емоциите и вредностите што ја сочинуваат суштината на човековото постоење.

Токму во тој  спој се огледува посебноста на нејзиниот професионален и творечки идентитет.

Инспирирана од приказните на своите предци, од поврзаноста што се пренесува низ женската линија, од богатството на народниот говор и од искуствата на средината од која потекнува, Даутовиќ преку прозата ги зачувува спомените, обичаите и духот на времето, давајќи им глас на вредностите што ги надживуваат своите епохи. Така, нејзината книжевност станува простор на средба меѓу минатото и сегашноста, семејното паметење и современиот човек.

Како претседателка на Здружението на претприемнички на Црна Гора, Даутовиќ посветува особено внимание на афирмацијата на жените во претприемништвото, а нејзиното искуство истовремено сведочи за можноста да се зачуваат личниот и културниот идентитет, да се негува сопственото наследство и активно да се придонесува во општеството во кое професионалните и творечките потенцијали се развиваат и потврдуваат.

На крајот на авторската вечер, Даутовиќ упоати посебна благодарност до агенција „Марили“ од Скопје, чијшто тим несебично ја поддржува во нејзината работа со години. Таа им се заблагодраи и на членките на „Марили Бизнис Клуб“ кои беа присутни на промоцијата и силно ја поддржаа.

Членката на „Марили Бизнис Клуб“, д-р Горица Дачевска на крајот и подари на г-ѓа Даутовиќ „Македонска пеперутка“, поточно познатата македонска Чингова окатка, која е симбол на македонската традиција, фолклор и уметност, духовна трансформација, воскресение, верба и безвременска елеганција.

 

 


Статијата е прочитана 88 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete