„Жанета Естетик“ - подгответе ги кожата, лицето и телото во пресрет на летото

Козметичко – фризерскиот салон „Жанета Естетик“ со докажан квалитет и 32-годишно постоење е вклучен во образовниот процес. Мастер едукаторот и генерална менаџерка Жанета Џафер е учесник во образовниот процес како ментор на ученици - средношколци од средното училиште на Град Скопје, СУГС „Димитар Влахов".

Со имплементација на дуалниот систем во средното техничко образование, г-ѓа Жанета Џафер учествува во едукација и обука на учениците - средношколци од училиштето „Димитар Влахов".

Таа учествува како почесен член на испитна комисија за завршен испит за квалификација - естетичар за нега на раце и нозе во училиштето, со што уште еднаш придонесе за подобрување на квалитетот на образовниот кадар кој излегува од училиштето, а е важен фактор на пазарот на трудот.

Покрај тоа што успешно работи и едуцира над три децении, „Жанета Естетик“ директно го помага образованито со практчина настава, посебно во период на недостиг на работна сила.

Жанета Џафер e единствен добитник на серификат за квалитет EUMK. Сертификатот за квалитет претставува сигурност за клиентите дека фирмата е сигурна и препорачана на клиентите.

Исто така, таа е добитничка на наградата „Златна маска“ за врвни достигнувања во медицинската козметологија.

Беше прогласена и за „Најуспешна жена менаџер“ од агенција „Марили“ за 2020 година.

Салонот „Жанета Естетик“ е познат и по својата формула за справување на кожа со акни кај младите. Нивната формула има строго одреден редослед: