На ИФФК „Браќа Манаки“ претставени кинематограферите Јанис Мазух и Александар Станишев

ИФФК „Браќа Манаки“ денешните прес-конференции ги почна со претставување на кинематограферите Јанис Мазух од Германија и Александар Станишев од Бугарија. Мазух е кинематографер во филмот „Срам и пари“, селектиран во официјалната конкуренција, а Станишев е кинематографер во филмот „Црни пари за бели ноќи“, селектиран за награда на јадранската публика.

„Срам и пари“, во режија на Висар Морина, е филм снимен во Косово, копрудукциски проект фокусиран на неколку теми, меѓу кои достоинството, интегритетот на луѓето кои се соочуваат со нови предизвици провоцирани од премрежиња што треба да се надминат.

- Со камерата ги долував сите ситуации со цел гледачот да биде дел од семејството. Тешко беше да се снима, но успеавме да ги снимиме луѓето, нивното достоинство и интегритет. Секој сет како да беше документаристички и со цел реалноста да се пренесе целосно и моќно. Сè се заврши успешно и јас денес сум задоволен и ми претставува чест да учествувам на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола - истакна кинематограферот Мазух.

Програмата содржи филмови, кои, освен во Битола, се прикажуваат на Јадранската мрежа на фестивалите во Сараево, Белград, Љубљана и Загреб, каде што ќе биде емитуван филмот „Црни пари за бели ноќи“ од Бугарија, во кој кинематографер е Александар Станишев.

- Многу режисери имаат екстремистичко-реалистичен пристап при снимањето филмови сакајќи да го прикажат секојдневието во Југоисточна Европа. Во нашиот филм некои од сцените на почетокот се снимени во документаристички стил, без интервенции, а актерите се ставени во реална ситуација. Јас сакам филмот да биде пофилмски, посветол, пошарен до степен на трагикомедија. Во некои филмови главните ликови страдаат од почетокот до крајот, а ние со овој филм сакавме да го направиме спротивното - да прикажеме ситуации што имаат комичен ефект, односно да нема мрачни ситуации - посочи кинематограферот Станишев.

Интернациноналниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со работилници, промотивни настани и проекции за официјалната програма, каде што се емитуваат филмови за главните фестивалски награди. 

 


Статијата е прочитана 3 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

kb

oxxete