ЕУ вечер на „Охридско лето“

Традиционалната Вечер на Европската унија на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот со концерт на шпанскиот кларинетист Пабло Бараган и француската пијанистка Елоис Бела Кон.

На програмата се композиции од Ф. Пуланк, М. Де Фаља, А. Вебер,  И. Албениц и А. Месажер.

Роден во Андалузија, а со адреса на живеење во Берлин, Пабло Бараган од секогаш огромно значење придавал на интеракцијата помеѓу музичарите за време на заедничкото музицирање, сметајќи дека токму таа симбиоза помеѓу нив е идеалот при интерпретацијата на музичките дела.

Пабло Бараган е ексклузивец на компанијата за изработка на кларинети „Бакун“ и свири на модел на кларинет „Бакун Лумиер“.

Во 2016 година Елоис Бела Кон се закити со наградата за Млад уметник на годината од списанието „Дијапазон“, а од 2018 година е и официјален уметник под закрила на брендот „Јамаха“ а овие две признанија како и длабочината на нејзината музикалност ѝ  помагаат нејзината кариера да се придвижи во нагорна линија.


Статијата е прочитана 275 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско